македонски (Makedonski)
Ја покануваме вашата организација да поднесе номинации за 19-те годишни награди Stevie® за продажба и услуги на клиентите за 2025 година. Светските врвни почести за услуги на клиентите, развој на работата и за професионалците за продажба се воспоставени од создавачите на престижните награди International Business Awards® и American Business Awards®.
Ако сакате да го добиете комплетот за пријавување, заедно со целосни упатства како да ги подготвите и поднесете вашите номинации, поднесете ја вашата адреса на е-пошта тука и ќе ви го пратиме комплетот по е-пошта. Имаме многу строга политика за приватност и никогаш нема да ја споделуваме вашата адреса на е-пошта со никого, од никакви причини.
Ова е единствената страница на оваа веб-локација што ќе ја видите на македонски јазик. Сите останати страници на оваа веб-локација се на англиски јазик, а исто така, и комплетот за пријавување. Ова се должи на потребата номинациите да бидат поднесени на англиски јазик, за да можат деловните професионални лица од целиот свет да учествуваат во постапката за проценување.
Наградите Stevie Awards for Sales & Customer Service ги препознаваат достигнувањата во секторите за услуги на клиенти, контакт центрите, развој на работата и на професионалците за продажба низ целиот свет. Организацијата „The Stevie Awards“ којашто ги доделува наградите има седиште во Соединетите Држави. Таа е организатор на осум различни натпревари за награди Stevie Awards, за кои можете да дознаете повеќе на www.StevieAwards.com . Трофејот на наградите Stevie Awards стана една од најпосакуваните награди во светот.
Во 2024 г., наградите Stevie Awards за продажба и услуги на клиентите им беа доделени на организации и поединци од повеќе од 40 нации, на гала-банкет одржан во Лас Вегас, Невада, САД. Кликнете овде за да ја видите листата на победници од изданието од 2024 година.
Во наградите Stevie Awards for Sales & Customer Service постојат повеќе категории награди што можете да ги изберете. Ако решите да учествувате, ќе ги изберете категориите што се совпаѓаат со постигнувањата за кои вашата организација бара признание, и ќе ги подготвите вашите номинации во согласност со упатствата за тие категории. Во достапните категории ќе ги најдете следните:
- Продажба
- Поединци за продажба
- Тим за продажба
- Достигнувања во продажбата
- Разлики во продажбата
- Центар за услуги и контакт со клиенти
- Поединец во центар за услуги и контакт со клиенти
- Тим во центар за услуги и контакт со клиенти
- Достигнувања на центар за услуги и контакт со клиенти
- Оддел за услуги на клиентите
- Успех на услуги на клиентите
- Нов производ и услуга
- Давател на решенија
- Развој на работата
Списокот и описот на категориите се наоѓаат во комплетот за влез.
За номинациите е потребно да се достави пишан есеј кој ќе содржи до 650 зборови каде ќе се опишат достигнувањата на номинираниот во периодот на квалификувањето или пак, видео со времетраење до пет (5) минути, во кое се опишани истите. Може да се номинира лице, тим, нов производ или услуга или цела организација.
Стиви наградите за 2025 година во категориите за продажба и услуги на клиентите ќе бидат објавени на 6 март. Победниците ќе бидат признаени на церемонијата во Њујорк на 10 април. Победниците не треба да присуствуваат на церемонијата.
Наградите Stevie Awards имаат претставници во многу земји. Овие претставници ќе ги дистрибуираат информациите и ќе им помогнат на организациите во земјата да учествуваат во наградите. За да видите дали има некој претставник во вашата земја, кликнете овде.
Исто така, може да контактирате и со организаторите на следната адреса:
The Stevie Awards
10560 Main Street, Suite 519
Fairfax, Virginia 22030, USA
Телефон: +1 703-547-8389
Факс: +1 703-991-2397
Е-пошта: help@stevieawards.com